
Дисеминација и промоција на резултатите од Еразмус+ Младинска Размена – Social and Cultural Puzzle
Младинска размена фокусирана на промоција и споредба на културните и традиционалните вредности помеѓу осум европски и соседни земји.
За проектот
Проектот „Social and Cultural Puzzle“ претставуваше прва успешно реализирана Еразмус+ младинска размена за нашата организација, која се одржа во периодот од 28.04.2023 до 07.05.2023 во Гонио, Грузија.
Преку учество на 4 млади и 1 лидер, беа промовирани културните и традиционалните вредности на нашата држава, како и вредностите на останатите земји-учеснички. Учесниците стекнаа нови знаења и искуства за тоа како традициите се менувале низ времето и како различните култури, и покрај разликите, имаат заеднички „корени“.
Преку неформална едукација, интерактивни работилници и игри, младите имаа можност да ги истражат сличностите и разликите помеѓу културите, во согласност со Youthpass критериумите и клучните компетенции на програмата Еразмус+.


Цели
- Промоција на културните и традиционалните вредности на земјите-учеснички
- Поттикнување интеркултурен дијалог и меѓусебно разбирање кај младите
- Развивање клучни компетенции преку неформална едукација


Резултати
- Зајакнати интеркултурни компетенции кај учесниците
- Подигната свест за културните сличности и разлики
- Доделени Youthpass сертификати на сите учесници

За да го прочитате и останатиот дел од приказната, погледнете ја нашата Фејзбук страница →
Информации за проектот
Година
2023
Категорија
Еразмус+ Младинска Размена
Локација
Гонио, Грузија
Учесници
5 млади учесници (4 + 1 лидер)
Партнери
- Active Vitorazsko z. s.
- ProActive Group Georgia
- EDUCATIO-Ukraine
